Monday, July 6, 2009

Скопјанка загина во сообраќајка

Датум: 06.07.2009, 17:34
Скопјанката Кристина Костова (32) загина вчера на автопатот Скопје - Гевгелија кога со својот автомобил излетала од коловозот и удрила во друг автомобил, соопшти МВР. Сообраќајната несреќа се случила околу 11.30 часот пред клучката во селото Прдејци. Костова со автомобил „ситроен Ц3“ се движела кон Скопје, кога од засега непознати причини изгубила контрола над возилото. „Ситроенот“ прво излетал на десната страна, а потоа се вратил на патот и удрил во металната банкнина меѓу двете коловозни летни. Автомобилот ја прелетал оградата и удрил во автомобил „ауди“ управувано од турски државјанин. Костова починала на самото место, а тројцата турски државјани, меѓу кои и едно дете, се пренесени на лекување во болницата во Гевгелија.
(Р.Т.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=90DB103EB02EE640A76683174BAB5D6D

No comments: